Македонија, суверена, самостојна и демократска држава

By alfa4 , 1 Јануари, 2024
Соопштение
Држава сместена на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Земјата е една од наследничките држави на поранешна СФРЈ, од која прогласила независност во 1991 година.
Знаме на Северна Република Македонија
Службено позната под новото спорно уставно име Република Северна Македонија (РСМ) или скратено Северна Македонија

Држава сместена на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Земјата е една од наследничките држави на поранешна СФРЈ, од која прогласила независност во 1991 година. Зафаќа околу 38 % од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија на север, Косово на северозапад, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако е континентална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.

Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Главен град на државата е Скопје со население од 506.926 жители (проц. 2004). Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Гостивар, Струмица, Кавадарци, Кочани и Кичево. Македонија има вкупно 25.436 км2 во кои живеат околу 1.836.713 жители (попис од 2021), од кои мнозинството се Македонци. Службен јазик во државата е македонскиот, додека службена валута е денарот.